Старец киднапирал, па убил 18 годишна девојка

Осумнаесет годишна девојка од Зајечар која од пред три дена се сметала за исчезната е пронајдена брутално убиена, а осомничен за нејзиното киднапирање е 70 годишен маж.

Имено, полицијата во српскиот град Зајечар открила морничави детали од убиството кое што ја потресе Србија, но и регионот.

Станува збор за млада девојка која што пред неколку дена била пријавена како исчезната, а сега било пронајдено нејзиното мртво тело.

На Чедомир Ѓуриќ од селото Салаш му е одреден 48-часовен, кој е осомничен дека ја убил 18-годишната Драгана Цириќ, која изчезна пред три дена.

zrenjanin-devojcica-ubistvo-otmica-starac-monstrum-foto-facebook-1418262632-597978

Српските медиуми пренеле дека додека Ѓуриќ ја превезувал Драгана, избила расправија во автомобилот, поради што во момент на нервоза, Чедомир ја задавил. Во рамките на сослушувањето тој изјавил дека бил и љубоморен што Драгана се гледала со други момчиња, поради што сакала и да го остави.

Српските медиуми неодамна направија прилог за овој човек, на тема „Процветаа јорговани“.