Старец починал собирајќи чај во Кичевско

Припадниците на Единицата за специјални задачи (ЕСЗ) „Тигар“ вчера од планината над селото Горно Добреноец, кичевско, го извлекле телото на седумдест и двегодишен маж, за кој се претпоставува дека починал од природна смрт.

Тој, заедно со уште двајца соседи претходно тргнал кон планинскиот предел за да собира чај.

Во еден момент им рекол на соседите да продолжат, бидејќи сакал да се одмори.

Кога се вратиле го нашле мртов. Поради непристапниот терен, возило на Брза помош не можело да стигне до местото на несреќата, туку само лекар, кој констатирал смрт.