Старец спасен додека се давел во Вардар, починал на токсикологија

Седумдесет и девет годишен старец починал на токсикологија, откако претходно бил спасен додека се давел во водите на реката Вардар.

Вчера на кејот на Вардар, во близина на спортска сала „Јане Сандански“, случајни минувачи во реката забележале старецот како се дави.

Починал на токсикологија

Како што соопштува МВР, минувачите успеале да го извадат старецот од реката и тој со Брза помош бил пренесен на токсикологија каде починал.

Утврден е идентитетот на лицето, а се работи за И.Т.(1936) од Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.