Старец се удавил во Вардар кај гостиварско Чајле

Од водите на Вардар, во близина на селото Чајле, Гостиварско вчера доцна попладне било извадено безживотното тело на повозрасен маж.

Како што пренесува МИА, според првичните сознанија, станува збор за В.Ј.(86) жител на селото Чајле, кој утрото од неговите роднини бил пријавен како исчезнат.

Беживотното тело на старецот во водите на Вардар, во месноста “долни ниви” околу 17 часот, го забележал случаен минувач и пријавил во полициското оддление Чегране.

На местото бил направен увид што го водел Јавен обвинител, а по негова наредба, телото е дадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Починатиот старец, последен пат бил виден утрото на мостот во селото, одалечен половина километар од местото каде што било најдено неговото тело.