Старец тешко повреден – се обидел сам да изгасне пожар

Осумдесет годишен старец се здобил со тешки повреди откако сам се обидел да локализира пожар во скопско.

Вчера во 11.37 часот било пријавено во населбата Стопански двор-Волково во непосредна близина на обиколницата имало опожарена сува трева, при што некој од жителите се обидел да го локализира пожарот и се здобил со изгореници по нозете.

Од страна на полицискиски службеници било констатирано дека настанал пожар и била зафатена сува трева околу 1000 м/2, при што Л.А., пристапил во гаснењето на пожарот, но истиот се здобил со изгореници по нозете (стапалата).

Истиот бил пренесен во градската општа болница Наум Охридски, каде што му се констатирани тешки повреди во вид на изгореници и по укажаната медицинска помош бил пуштен на домашно лекување. Пожарот бил целосно локализиран од страна на екипа од БППЗ.