Старески: Вратите на меѓународните институции за финансирање ни се отворени!

Вратите на меѓународните финансиски институции за Македонија не се затворени, иако некои медиуми тоа го тврдат, вели министерот за финансии, Зоран Ставрески во разговор за ТВ Нова.

Тој потенцира дека Македонија има добри односи со сите меѓународни финансиски институции, како со Светска банка, така и со Европската банка за обнова и развој, ММФ и Европската инвестициска банка.

Сите врати за финансирање на добри проекти ни се отворени и немаме информација дека има била какви резерви од нивна страна во поглед на финансирањето на инвестициските потреби на Македонија“, уверува Ставрески.

Според него политичката криза која веќе долго време ја држи земјата во заложништво, очигледно е пропратена со пропагандна војна во која што се шират различни нецелосни информации и дезинформации.

Таква беше и информацијата што пред некој ден излезе во јавноста, а се однесува на средствата што Светска банка ни ги одобри во јануари годинава. Вистината дека бордот на Светска банка на почетокот на јануари го одобри кредитот за поддршка на општините за Македонија во износ од 28 милиони американски долари. Во тој период изборите беа планирани за 24- ти април, а бидејќи 60 дена пред тоа настапува период на техничка влада, односно се распишуваат изборите, со Светската банка беше договорено, кредитот да стане ефективен веднаш по изборите. Истото го прави Светската банка и со други земји во слични ситуација, објаснува Ставрески.

Според него, оваа информација била позната уште во јануари, и во некои медиуми беше објавена, а сега, со цел да се потенцира тоа дека наводно на земјата и се ограничуваат финансиските средства, се рециклира и добива поинаква димензија.

„Првите информации што излегоа на некои медиуми беа дека Светска банка го прекинува финансирањето на Македонија. Ова не е точно. Таа веќе го одобри кредитот кој требаше да биде ефективен по изборите. Потоа, ние ги одложивме изборите, а тоа е наш внатрешен проблем, од политички причини тие се одложија од април за јуни. Не се прекинати целокупните финансирања на Светска банка и ММФ“, појаснува Ставрески.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.