Стари кадри со многу порази ги попoлнија кандидатските листи на СДСМ

Стари кадри, кои имаат повеќе порази отколку победи зад себе, но дел од нив и сериозни афери, се најдоа на врвот на кандидатските листи на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија што ги состави лидерот Зоран Заев.

Така во Изборната единица 1 СДСМ ќе го предводи Рената Десковска која е долгогодишен советник и соработник на екс лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, тој ја постави за потпретседател на партијата кога доживеа позар во 2011 и 2013 година.

Foto-Renata-Treneska-Deskoska-520x292

Позната е во СДСМ по френетичното поддржување на сите политики со кои Црвенковски правеше деструкција на правната држава.

Веднаш зад неа на листата се наоаѓа Софија Куновска, блиска до банкарското лоби во СДСМ.

Беше централен лик во афера која ја открија медиумите откако нејзиното име се поврзуваше со повеќе договори и исплати кои ги правеше со МТВ. Куновска беше носител и на советничката листа на СДСМ на ланските локални избори кога Јани Макрадули доживеа сериозен пораз од Коце Трајановски со речиси 40 илјад иразлика во освоени гласови.

Стефан Богев, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија, еклатантен пример на дете од црвената буржоазија на СДСМ, живее во луксузна куќа во Карпош .

Дуфе Куковски доаѓа од Либералнодемократската партија, кој како директор на Јавното претпријатеи „Македонијапат“ од 2003 до 2005 година заработи кривична пријава поради злоупотреба на службената положба (потпомогнат од неколку соработници) со проневера на 13.000 евра. Куковски беше поразен од Коце Трајановски во трката за градоначалник на општина Гази Баба, а потоа и на претходните парламентарни избори кога ЛДП настапи самостојно).

Солза Грчева партиска инсталација на СДСМ во образовниот систем. Се преставуваше како  независна професорка која ја критикуваше власта, за потоа да говори на прес конфернеции ЛДП, а потоа премина во СДСМ.

Лидија Димова, класична инсталација на СДСМ во невладиниот сектор која претходно го раководеше НВО Македонски центар за европско образование. Таа како претседателка на организацијата ќе остане запаметена како „независен“ критичар на власта, која повеќепати даваше изјави дека е независна и нема поврзаност со СДСМ и исто така како претседател на МЦЕО побара од Брисел укинување на парите кои Европската унија ги дава за поддршка на Република Македонија.

Сафет Бишевац е поранешен новинар на А1, скандалозен чекор со кој новинари се редат за кандидати за пратеници. Со што се дискредитира и се става под знак прашање целокупната негова мината работа.

Кире Наумов– поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање поставен од Бранко Црвенковски. Наумов се посочуваше како дел од организацијата на протестите на група стечајци.

Нанор Ружин– човек кој дваесетина години е во политика, стар кадар од транзицијата на СДСМ, кој потоа премина во ЛДП и после доживеа пораз како кандидат за претседател. Ружин не успеа да обезбеди влез во вториот круг.

Анета Симеска, претседателка на ОО на СДСМ во Македонски Брод. Таа доживеа пораз на претходните локални избори каде беше кандидат за градоначалник на СДСМ во таа општина. Против неа има тужба за злоупотреба на службената должност, поточно во време кога била претседавач на советот на Општина Македонски брод фалсификувала потписи за набавка на гориво со општински пари.

Далибор Богдански претседателот на Општинската организација на СДСМ Сопиште кој како прв човек на оваа ОО на СДСМ доживеа порази. Таков е случајот и со Дарко Каевски претседател на ГО на СДММ.

Изборна единица 2

Во Изборната единица 2 прв на листата ќе се најде портпаролот на СДСМ, Петар Шилегов. Тој важи за адвокат на богаташите на СДСМ и близок до Црвенковски. Неговото име деновиве се поврзува со афери за организирано местење на тендери од кој се офајдиле голем број на фирми блиски до СДСМ и раководството, а псоледниот случај беше што со негов потпис фирмата каде сопственички удел има сопругата на Црвенковски земала тендер иако тоа било спротивно на законот.

petre shilegov

Допоплнително Шилегов беше адвокат каде се појави како бранител на значајни кориспциски афери во кои беа вплеткани кадри на СДСМ како што беше аферата Бачило 2.

Љубиша Николиќ, директор на гимназијата во Куманово, послушник и продолжена рака на градоначалникот Зоран Дамјановски Циц.

По него на листата е Љубица Буралиева, новинар од Македонската радио телевизија. Потоа следува Благоја Стојановски, актуелен пратеник , дел од докторското лоби на СДСМ

Сенад Смаиловиќ советникот на СДСМ во Општина Бутел, организационен секретар на СДММ и човек кој стана познат по насилното рушење на тарабите во Центар и нападот врз полицијата.

Владислав Трајковски претседател на СДММ Куманово кој исто така важи за продолжена рака на Зоран Дамјановски Циц.

Изборна единица 3

Марјанчо Николов, кој сега ќе ја води листата на СДСМ во Изборната единица 3, веќе трипати е пратеник од Велес, но сите три изборни циклуси (2006, 2008 и 2011) во својот град ги завршуваше со огромни порази од ВМРО-ДПМНЕ.

8062mala

Ален Георгиев доктор од Штип кој е близок до СДСМ. Дел од партиските инсталации и докторско лоби во здравството, вработен во болницата во Штип. Иста е ситуацијата и со Јагода Шахпаска следна на листата на СДСМ.

Миле Андонов  досегашен пратеник на СДСМ од Кочани

Мира Стојчевска, претседателката на ОО на СДСМ од Делчево, претходно кандидат за советник кога СДСМ доживеа пораз на претходните избори во Делчево.

На листите и стари кадри од партиските структури како Борјанчо Мицевски претседател на ОО на СДСМ Крива Паланка, Зоран Наков претседателот на ОО Свети Николе, и претседателот на ОО Градско, Ангел Јанков.

Изборна единица 4 

Хари Локвенец, кој ќе ја бара довербата во Изборната единица 4, важи за еден од најбогатите прилепчани кој своето богатство го стекнува во најголема мера за време на транзицијата на СДСМ и Црвенковски. Од прилично анонимен сопственик на мал и скромен бизнис неговото семејство прераснува во едно од најбогатите.

lokvenec

Дополнително што Хари Локвенец веќе еднаш доживеа директен пораз на локалните избори  како кандидат за градоначалник на СДСМ за Прилеп што значи дека не ја ужива поддршката во својот роден град и загуби со 8 илјади гласови разлика а сега е во позиција да ја бара довербата на цела изборна единица во четворката.

Панче Орцев актуелен пратеник повран со кланот Заеви. Претходно како директор на Комуналец доделувал јавни набавки на фирми од фамилијата на Заев, а Зоран Заев од Општина Струмица доделувал набавки на фирми од фамилијата на Панче Орцев.

Бетијан Китев кој на последните избори како кандидат за градоначалник на Кавадарци доживеа катастрофален голем пораз.

Милевка Горгиевска која како в.д. директорка на основното училиште „Коста Рацин“ беше обвинувана за партизирање на училиштето со вработување на членови на раководството од ОО Радовиш.

Марјан Даскаловски еден од најблиските соработници на Зоран Заев и претседател на ОО на СДСМ Струмица.

Мери Лазарова претседателката на Општинската организација на СДСМ Валандово

 Изборна единица 5

vasko-2

Васко Ковачевски од Битола кој како прв човек на социјалдемократите од Битола изгуби  убедливо два изборни циклуси по ред.

Томислав Тунтев, прв човек на СДСМ Охрид, тој како советник  беше главен креатор на политиките на Петрески, главен креатор на донесувањето на штетни одлуки од урбана и финансиска сфера во Охрид и главен креатор на задолжувачките политики на Охрид,

Митре Вељановски, братучед на Бранко Црвенковски

Аднан Џаферовски, порано вработен во Царинската управа (син на Алил Џаферовски, поранешен пратеник ).

Дивна Ефтимоска Јовковска од Ресен, актуелен пратеник блиска до Бузлевски

 Изборна единица 6

Стојко Пауновски, кој исто така беше поразен на избори, 3 спрема 1 во корист на Никола Тодоров. Пауновски ќе остане запаматен по тоа што беше пратеникот од СДСМ кој во Собранието побара со ребалансот на Буџетот да се намалат и пензиите, платите и социјалните трансфери. Тој тогаш изјави:

„Ако е криза, нека биде криза за сите. Не, за едни да се крати, а едни да бидат заштитени како бели мечки“ – предизвика лавина реакции кај пензионерите и социјалните случаи.

Благојче Трпевски, претседателот на Општинската организација на СДСМ Гостивар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.