Македонија,Крими хроника

Старица изгоре во прилепско, пожарот предизвикан од греалка

Старица изгоре во прилепско, пожарот предизвикан од греалка

Старица изгоре во својот дом во прилепско откако избувнал пожар во помошна просторија во нејзиниот дом.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера, околу седум часот утрината, избувнал пожар во куќа во прилепско Дебреште.

Во пожарот, кој избувнал во помош просторија, животот го загуби 84-годишната Е.И.

Огнот прво ги зафатил алиштата на старицата, која успеала да излезе од просторијата во дворот, но било доцна. Во дворот, падната ја нашле синот и внукот.

Лекарската екипа констатирала изгореници од трет степен.

Пожарникарите интервенирале веднаш, нешто по седум часот со две возила и успеале да го локализираат пожарот да не ја зафати семејната куќа.

Нема да се изврши одукција на телото на Е.И. бидејќи, како што вели заменик обвинителот Илиеска, причините се јасни за несреќата.

Од полиција велат дека најверојатно причината за трагичниот пожар е неисправна електирчна греалка.