Старица изгорела во пожар во кочанско

На 18.10.2016 година околу 14,30 часот во кочанското село Долни Подлог од засега непознати причини настанал пожар во помошна просторија (плевна) сопственост на Д.С. (85).

Во помошната просторија пронајдена била почината неговата сопруга Љ.С. (84).

Д.С. обидувајќи се да ја спаси Љ.С. се здобил со телесни повреди, изгореници во пределот на лицето и телото, па бил пренесен во Медицински центар-Кочани каде бил задржан на лекување.

Пожарот бил изгаснат од екипа на ТППЕ. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од ПС-Кочани.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.