Старица од Куманово ограбена додека чекала лифт

Старица од Куманово била ограбена додека чекала лифт.

Како што јавува МВР, вчера во 10.40 часот во СВР Куманово, 73- годишната Ј.М. од Куманово  пријавила дека во 09.45 часот додека чекала да влезе во лифт од зградата, трчајќи до неа дошло непознато лице и со една рака ја фатило во пределот на устата, ја турнало на подот  одземајќи и ја ташната  во која имала 640 денари и лична карта на нејзино име.

СВР-Куманово презема мерки за пронаоѓање на лицето.