Свет

Старица по шест месеци пронајдена мртва во својот дом

Старица по шест месеци пронајдена  мртва во својот дом

По шест месеци старица од Франкфурт пронајдена мртва во својот дом.

Тело на старица било пронајдено мртво во нејзиниот дом шест месеци по нејзината смрт. Се работи за 66-годишна старица од Оберурсел која починала од природна смрт, додека гледала телевизија.

Откако соседите на старицата чиј идентитет засега е непознат, забележале дека со месеци не ги зема своите писма и сметки од поштенското сандаче, и дека подолг период ја нема, пријавиле во полиција дека нешто чудно се случува. Откако полициските службеници пристигнале на местото на настанот ја забележале старицата чие тело веќе било мумифицирано, како седи во својата фотелја со далечинскиот управувач во рака.

Ова не е прв пат во Германија старо лице да биде пронајдено месеци подоцна по смртта.