Стариџ не се плаши од Луис Суарез

Првиот напаѓач на Англија, Даниел Стариџ, ја подгреа атмосферата пред решавачкиот дуел против селекцијата на Уругвај со изјавата дека многу не му е важно дали на тој натпревар ќе настапи неговиот тимски колега, Луис Суарез.

„Искрено, сакам да биде подготвен за тој натпревар. Сакам Луис да го имам за противник, сакам Англија да игра против најдобриот тим на Уругвај. За мене, најважна е играта на Англија. Мора да бидеме фокусирани на нашиот стил на игра, мора да го наметнеме нашиот стил на игра. Не се замараме со здравствената состојба на Суарез, не ни е важно дали ќе игра или нема да игра. Немам никаква комуникација со Суарез, не сум испратил ниту една СМС порака. Не мислам дека таква комуникација имаат Стирлинг, Хендерсон, Џерард или Џонсон. Суарез нема да ја подели со нас информацијата дека се чуствува добро или дека нема да биде во можност да настапи на следниот натпревар”, изјави Стариџ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.