Стариџ оваа сезона игра малку, а досега нема настапено на цел натпревар. Поради губењето на првотимскиот статус тој сака да го напушти тимот на Ливерпул.
– На Стариџ му е јасно дека тој не е во плановите на тренерот Јирген Клоп и е помирен со заминување од клубот, се наведува во информацијата за статусот на Стариџ во Ливерпул.
За него постојат две опции. Стоук и Вест Хем се заинтересирани за неговите услуги и ќе водат голема борба да го придобијат во преоден рок во јануари.
Стариџ во Ливерпул има договор до летото 2019 година.