Спорт

Стариџ убеден дека ќе биде достојна замена на Суарез

Стариџ убеден дека ќе биде достојна замена на Суарез

Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ е убеден дека има се што е потребно за да биде и повеќе од достојна замена на контроверзниот репрезентативец на Уругвај, Луис Суарез кој пред неколку недели за 88 мил. евра беше продаден на каталонскиот гигант Барселона.

Репрезентативецот на Англија треба да биде прв избор кога е во прашање нападот на Ливерпул, но голема е веројатноста дека “црвените” од “Енфилд” до крајот од летниот преоден рок ќе ангажираат нова елитен напаѓач.

„Јас сум подготвен да бидам и повеќе од достојна замена на Суарез. Ќе застанам на неговото место, ќе ја пополнам дупката во нападот. Сепак, истото ќе мора да го направат и моите тимски колеги. Имавме уникатна соработка, бевме совршени партнери. На Луис му посакувам се најдобро. Убаво си поминавме на “Енфилд”. Сега сме дел од клупската историја, најдобриот напаЃачки тандем во клупската историја. Мора да продолжиме напред како тим, ние кои останавме на “Енфилд” и тие кои пристигнаа и ќе пристигнат до крајот на летниот преоден рок”, изјави Стариџ.