Старите смартфони без можност за пристап на „Јутјуб“

Мрежата за размена на видео-содржина „Јутјуб“ ќе се забрза и ќе ги остави настрана некои уреди кои што нема да можат да ги читаат видео-содржини во стримингот на платформата на Гугл.

Станува збор за апликативен програмски интерфејс (API) Јутјуб дата В2 (втора верзија) за која Гугл констатирал дека е дефинитивно надмината, така што таа ќе отстапи од сцената и ќе и отвори пат на третата верзија во која се опфатени поголем број од веќе постоечките функции, но и нови можности.

Најстарите уреди би можеле да предизвикаат проблем при конекција на платформата за стриминг.

Проблем пред се би можеле да претставуваат паметните телефони, таблет компјутерите и другите уреди кои што се произведени во 2012-та година или порано.

Сепак, со компјутерите нема да има никакви проблеми, како ни со уредите што ги прифаќаат најновите верзии на апликацијата Јутјуб преку веб продавницата „Плеј стор“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.