Македонија,Економија

Традиционалните занаети исчезнуваат, но за современите има перспектива

Традиционалните занаети исчезнуваат, но за современите има перспектива

Со години наназат, традиционалните занаети полека одат во заборав, што поради малиот интерес од младите да го оддржат духот на старите занаети, но голем дел и поради малата економска  исплатливост.  Сепак, занаетчиите во земјава сметаат дека постои перспектива за нив , особено со субвенции и помош од Владата.

Според  Весна Симова, претседателка на Македонската занаетчишка комора, сивата економија е најголем проблем на занаетчиството во земјава и треба да се работи заедно со Владата  на легализација, за да не се оштетат веќе  регистрираните занаетчии.

На денешна седница на Балканската канцеларија за малостопанство и занаетчиство, што се оддржа во Скопје,  координаторката од Германија, Евелина Парванова, посочи дека традиционалните занаети се важни за идентитетот на една земја. Сепак интересот на занаетчиските комори е насочен кон оние занаети кои живеат и кои носат профит, додека занаетите во изумирање треба да бидат поддржани од министретсвото за култура.

„Успехот на германското стопанство се темели врз јакото малостопанство и голем дел од малото стопансто е всушност занаетчистото.  Се обидуваме да го поддржиме занаетчиството во Македонија, бидејќи тоа е битен дел за економски развој. Еден од прблемите кои во моментот го имаат сите европски земји е недостигот на квалифициран кадар. Во 20о1 година ја основаме Балканската канцеларија за малостопанство и занаетчиство во која членуват 24 организации и денес ќе се оддржи седмото сорание. Поддршката од владата е доказ дека сигурно ќе имаме успех“, вели Пaрванова.

Тоа што го прави атрактивно занаетчиството во Германија е растот на извозот во последните години. Младите се насочуваат кон дуалниот систем што функционира во оваа земја, а тој значи добивање на добра квалификација, добро работно место, што нуди можност за отворање претпријатие и остварување економски устех.

„Владата врши континуирана  поддршка на занаетчиството. Планираме и во иднина силна поддршка  преку проект за олеснувањена процедурите за занаетчиите, преку програмата за вработување која е насочена кон занаетчиските дејноси Континуирано работиме и на изготвување на низа на законски решенија во оваа област. Занаетчиството е комплементарно и со други дејности, особено со туризмот кој во последно време зема замав и има голем потенцијал“, посочи Владимир Пешевски, вице премиер задолжен за економски прашања.

Сепак, недостигот на млад кадар во занаетчиството е проблем како кај нас, така и во европските земји.