Економија

Старт-ап викенд за претставување на бизнис идеите

Старт-ап викенд за претставување на бизнис идеите

Од 19-21ви Септември 2014год. во просториите на New Man`s Business Accelerator ќе се одржи овогодишното издание на Startup Weekend Skopje. На тридневниот настан, учесниците ќе имаат можност да ги претстават своите иновативни идеи, да креираат тим и да добијат интересни награди, меѓу кои и шанса за финансирање од страна на најдобрите бизнис акселератори во Македонија и странство.

Учесниците ќе добијат уникатна можност да бидат обучувани од страна на најдобрите претприемачи, маркетинг експерти, стартап ветерани и специјалисти од сферата на бизнисот, за тоа како најдобро да ги претстават своите идеи, како брзо и ефикасно да ги презентираат своите идеи пред инвеститори и клиенти, но и како од една обична идеја, да направат успешен бизнис.