Стартува економскиот сојуз на Русија, Белорусија и Казахстан.

Од денеска почнува да функционира Евроазискиот економски сојуз, во кој членуваат Русија, Белорусија и Казахстан.

Овие три земји создадоа Единствена економска зона или заеднички пазар на 1 јануари 2012 година, а на 1 јули 2010 година формираа Царински сојуз.

Парламентот на Ерменија на 4 декември минатата година го ратификува договорот за приклучување на земјата кон овој сојуз и од утре таа ќе стане полноправен член, а Киргистан се очекува официјално да се приклучи во мај, откако на 23 декември потпиша договор за присоединување.

Евроазискиот економски сојуз беше создаден врз основа на Царинскиот сојуз на Евроазиската економска зона за зајакнување на економиите на земјите-членки и нивно зближување, како и за модернизирање и зголемување на конкурентноста на државите во него на светскиот пазар.

Земјите од сојузот планираат да ја продолжат својата економска интеграција во текот на следните години.