Стартува “Лига на нации”, Македонија во третата квалитативна дивизија

На последниот конгрес на УЕФА, одржан во Казахстан беше порврдено ќе биде реализирана идеата за турнир помеѓу репрезентациите која е позната како “Лига на нации”

Новото натпреварување ќе има за задача да биде еден вид на замена за пријателските натпревари, а најверојатно истото ќе стартува во 2018 година.

Учесниците на завршниот турнир на Лигата на нациите би се избориле за директен пласман на ЕП 2020, со укинат бараж, а подоцна би се вклучиле и во квалификациите за СП 2022.

„Се работи за навистина важна одлука за иднината на фудбалот и националните тимови“, изјави претседатело на УЕФА, Мишел Платини.

Предвидено е сите репрезентации од Европа, вкупно 54, да бидат поделени во четри дивизии, а натпреварите би се играле од септември до ноември.

Репрезентациите во соодветните дивизии ќе бидат распределени според рејтинг коефициентот, а согласно својот рејтинг, Македонија треба да биде во третата квалитативна дивизија.

Тимовите од пониските дивизии ќе се натпреваруваат како би стигнале до промоција во најквалитетната група, или за да дојдат до шампионската титула во „Лигата на нациите“ и да се квалификуваат за ЕУРО плеј-офот.

Секоја од дивизиите би била поделена во четири групи од по три или четири тима, па секој тим во соодветната дивизија ќе може да игра шест меча во периодот од септември до ноември 2018.