Спорт

Стартува продажбата на билетите на натпреварот Вардар-Флензбург

Стартува продажбата на билетите на натпреварот Вардар-Флензбург

Денеска од 12  часот ќе стартува продажбата на билетите за ракометниот спектакл од четврт финалето во Лигата на шампионите, меѓу македонскиот шампион Вардар и бундеслигашот Флензбург. Реванш натпреварот со Фленсбург ќе се одигра на 26/04/2014, во 17.00 часот, во СЦ “Бoрис Ттрајковски”!

Влезниците за натпреварот против Р.К. Фленсбург ќе се продаваат по следниве цени;
– Б3,Б4,Б5,Б6,Б7,Б8,Б9,Б10,Б11,Б12, Б14 цена 300 денари
– М7, М8 и М9 по цена од 250 денари
-М1, М2, М3, М4, М12, М13, М15 по цена од 500 денари.

Продажни места:
• Продажните салони на ONE во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall) Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
• Југотон ГТЦ 1 кат, MPM PRESS, Гоги Драчево, Универзална Сала – Скопје, Билетара на Борис Трајковски
On-line билетите ќе може да се купатна следниот линк:
http://www.karti.com.mk/eTickets/SaleForbidden.aspx

Управата на РК Вардар реши да понуди поволни цени на билетите за четвртфиналето против Фленсбург кои ќе можат да си ги дозволат сите навивачи на клубот и љубители на ракометот.