Спорт

Стартува ракометниот камп „Кирил Лазаров 7’’

Стартува  ракометниот камп „Кирил Лазаров 7’’
Организаторот на овој спортски настан информираат дека е се подготвено, над 250 момчиња и девојчиња од 7 земји да се едуцираат и дружат со најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров.
Од утре во Охрид ќе стартува второто издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“, кој оваа година ќе се одржи во две смени од 17-23-ти и 24-30 јуни.

Организаторот на овој спортски настан информираат дека е се подготвено, над 250 момчиња и девојчиња од 7 земји да се едуцираат и дружат со најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров.

Според програмата, во текот на утрешниот ден до пладне во хотел Аквалина, треба да пристигнат учесниците на првата смена, а околу 12:30 часот ним добредојде ќе им посака капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров со што и официјално ќе биде означен старт на второт издание на кампот.

rakometen-kamp-kire

Организатор на овој камп, кој минатата година го посетија над 200 деца од најразлична возраст, се потруди дополнително да ги зголеми стандардите и условите во кои ќе работат идните македонски ракометни надежи. Двата терени на кој ќе се одвиваат активностите, добија комплетно нови подлоги за максимално безбедни и функционални тренинзи на учесниците, а воедно обезбедена е врвна спортска опрема за секој учесник на кампот.