Стартува „Скопје куп“ 2014

Вчеравечер, на плоштадот „Филип Втори“, свечено беше отворен првиот Меѓународен младински турнир во фудбал „Скопје Куп“ 2014. Турнирот за отворен го прогласи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, а во  Скопје во следните шест дена, гости ќе бидат околу 500 младински фудбалери, тренери и спортски работници, соопштија од Град Скопје.

 „. Сведоци бевме на доминацијата на новиот светски шампион Германија на ова светско првенство, но исто така знаеме и како стасаа до својата четврта титула – со вложување огромни средства и организациски потенцијал низа години наназад, токму во работата со кадетските и младинските селекции. Оттаму, знаеме дека и нашиот фудбал ќе се крене и ќе може да биде конкурентен во европски и светски рамки токму преку организирањето на вакви масовни меѓународни турнири. Еве го стартот на еден таков турнир токму во Скопје, со надеж и верба дека ќе стане наша традиција и дека секоја наредна година на нашите терени ќе гледаме уште поголем број идни шампиони. Градот Скопје, со задоволство ќе го поддржува овој турнир и ќе се труди да биде домаќин на високо ниво и оваа седмица, но и сите наредни години.На сите учесници и на нивните фудбалски учители им посакувам среќа, добри резултати, фер“ – плеј игра и пријатен и незаборавен престој во главниот град на Република Македонија, рече градоначалникот Трајановски.

Со поддршка на Град Скопје и Фудбалската федерација на Македонија, а во организација и реализација на Здружението „Скопје куп“, ќе се одржи овој голем меѓународен младински турнир во фудбал „Скопје Куп“ 2014, во машка конкуренција за младинци од генерациите `97 и `99 и помлади.

На фудбалскиот турнир учество ќе земат 20 екипи од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија поделени во две категории (фудбалери родени 1997 година и помлади и 1999 година и помлади). Од македонските екипи, на овој турнир учество ќе земат  Вардар-Скопје, Пелистер-Битола, Шкендија-Тетово, клубови од Охрид, Репрезентација на Град Скопје, Академија Пандев-Струмица, а од екипите од регионов силите ќе ги одмерат: Партизан Белград, ЦСКА Софија, Осиек, Војводина, Славија Софија и Реал-Ниш.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.