среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 55

Стартуваат државните натпревари за средношколци

Агенцијата за млади и спорт во соработка со Министертсвото за образование и наука, како и градот Куманово се организатори на државните натпревари за средношколци, „Гимназијада Куманово 2016“, која од утре па се до сабота ќе биде причина за дружење и спортско надигрување.

ams pres gimnazijada 1

Поврзани вести

Агенцијата за млади и спорт во соработка со Министертсвото за образование и наука, како и градот Куманово се организатори на државните натпревари за средношколци, „Гимназијада Куманово 2016“, која од утре па се до сабота ќе биде причина за дружење и спортско надигрување.

По тој повод во Агенцијата за млади и спорт се одржа прес конференцијата, на која свое излагање имаа директорот на АМС Марјан Спасески, претседателот на Федерацијата за училишен спорт Александар Туфекчиевски, како и дел од организациониот одбор на Гимназијадата. Станува збор за 10 по ред гимназијада на која ќе земат учество околу 1000 средношколци, кои своите спортски умешности ќе ги покажат во 5 колективни и еден промотивен спорт, додека од индивидуалните спортови ќе биде застапена атлетиката.

Имајќи го предвид стратешкото значење во развојот на спортот, неговиот придонес за антрополошкиот развој на младата генерација и неговата позитивна улога во борбата против пороците, Агенцијата за млади и спорт како државна институција посветува големо внимание во развојот на училишниот спорт.  Основните предуслови за успешно функционирање на училишниот спорт се стручниот кадар, спортските објекти и интересот на учениците за спортување и натпреварување. Како национален дом кој се грижи за развој на спортот секоја година одвојуваме околу 6 милиони денари за реализација на програмите на Федерацијата за училишен спорт на Македонија.

Директорот на АМС, Марјан Спасески посочи дека со  вложувањата во спортот и во спортската инфраструктура се овозможуваат максимални услови за развој на училишниот спорт, во сите негови сегменти и во таа насока секоја година се доделуваат 500 стипендии за млади надежни спортисти.

Нашата посветеност е во наредниот период, да ја зголемиме масовноста на учество во училишниот спорт преку формирање на училишни спортски клубови.Со одржувањето на 10-тата по ред „Гимназијада за средни училишта“ во градот Куманово,  на едно место ги собираме најуспешните средношколски екипи во ракомет, кошарка, мал фудбал, фудбал, одбојка, атлетика и промотивни спортови. Евидентно е дека на секоја наредна „Гимназијада” настапуваат се подобро подготвени ученици и екипи, се детектираат нови и уште поголеми спортски таленти, затоа што значително се подобруваат и условите за спорт и спортски активности. Најуспешните и најистакнатите учесници и годинава ќе бидат наградени со учество на летните кампови во времетраење од 7 дена, кои ќе бидат организирани по завршувањето на натпреварите. На сите учесници и натпреварувачи им посакувам успешни настапи и во фер и коректна атмосфера да победат најдобрите. На челниците на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и на сите наставници по физичко образование, кои се вклучени во овој процес им честитам и благодарам за целокупниот ангажман и напорите што ги прават за развојот на спортот во училиштата. Само на ваков начин ќе придонесеме за создавање на психо-физички здрава и подготвена младина која ќе се бори со сите пороци на современото општество, истакна Спасески.

Претседателот на Федерацијата за училишен спорт на Македонија Александар Туфекчиевски изрази благодарност кон Агенцијата за млади и спорт и Владата на Република Македонија за напорот кон омасовување на училишниот спорт како еден од основните предуслови за селекција на млади таленти. Посебноста во оваа манифестација е тоа што е првенствено јубилејна и истовремено најмасовна спортска манифестација од областа на училишниот спорт. Како новитет оваа година е одржување на ревијални натпревари помеѓу победниците на гимназијадата со паралеките од спортските академии.

Претседателот на организациониот одбор Жика Крстевски ја искажа спремноста на градот Куманово за беспрекорно одржување на оваа манифестација. Честа е голема за градот и општината од добивањето на потврда на нашата апликација за домаќини на игрите. Градот Куманово со една градска и уште четири спортски сали изградени по сите европски стандарди, со нова атлетска патека на веќе постоечкиот атлетски центар и градски стадион ќе се погрижи за квалитетно натпреварување. За овој настан ќе бидат ангажирани повеќе од 150 волонтери од Куманово, кои се надеваат се да помине во најдобар ред и сите учесници да заминат од Куманово со позитивни впечатоци.

Најчитани вести