Стартуваше манифестацијата „Дојран град на културата“

Манифестацијата „Дојран град на културата“ синоќа беше отворена со концертот  на Каролина, Даниел Кајмаковски, дуото ДНК и настапот на ѕвездичките од детскиот фестивал Калинка.

dojran-5

Концертот по повод отварањето се  одржа под познатите јавори на самото крајбрежје на езерото.

dojran-2

Со стотината настани кои ќе бидат реализирани во текот на наредните неколку месеци, Дојран  оваа година ќе биде носителот на културните збиднувања во југоистокот на државата.

dojran-3

Голем број концерти, промоции, изложби, театарски претстави се само дел од настаните планирани во рамки на манифестцијата. Градоначалникот на Дојран Борче Стамов вели дека добивањето на можноста токму тие да бидат културна престолнина за 2016 година е многу знчајна бидејќи тоа ќе значи можност за развој и на културниот туризам и привлекување на уште поголем број гости и надвор од туристичката сезона.

Културниот туризам е мошне значаен за Дојран. Она што минатата година го спроведувавме, а и неколку години наназад се покажа како вистинско и нешто што привлекува гости и нешто што им го исполнува времето на посетителите во Дојран. Впрочем минатата година Д фестивал би го земал за пример покажа дека културниот туризам може и тоа како да биде настан кој привлекува голем број на туристи во било кое место, меѓутоа еве во Дојран значителна бројка пред се млади луѓе дојдоа. Тоа искуство го преземавме и годинава подготвивме една богата програма.,, рече Борче Стамов, градоначалник на општина Дојран.

Манифестацијата „Град на културата“ чиј што покровител е министерството за култура на Република Македонија се организира 13 години по ред. Дојран оваа титула ја презеде од Велес, а ја доби во конкуренција со уште неколку градови.