Статистика: Убиствата во Косово во пораст

Полициската статистика потврдува дека во изминатиот период од годинава, во Косово регистрирани се 23 убиства,што е за дванаесет убиства повеќе споредено со лани истиот период.

-По војната на Косово,во кој се опфаќа периодот од јуни 1999 до 2014 година на Косово се случиле околу 1.500 убиства извршени од различни мотиви.Доколку се додадат убиствата од лани и овие годинава тогаш бројката надминува 1.500,-пренесуваат косовските медиуми,повикувајќи се на радио Слободна Европа.

Поранешниот пратеник и експерт од областа на безбедноста,Бурим Рамадани,оценува дека три основни фактори влијаат во порастот на убиствата и влошувањето на јавната безбедност.

-Големото присуство на илегално оружје во рацете на граѓаните,од една страна,и недостигот на една сеопфатна политичка и граѓанска  програма на Владата за да се намали желбата на граѓаните за поседување илегално оружје,е еден од елементите. Втор елемент или  фактор е негрижата на безбедносните институции,истражните и судските, и како трет фактор е недостигот на доверба кај граѓаните во политичкиот систем на Косово,пред се на правосудството,-оценува Рамадани.

Социологот Бесник Пеци смета дека во целина има девалвација на вредностите  во општеството,а и во оваа ситуација, се зголемува бројот на негативните појави.

-Моите оценки во однос на убиствата во Косово се однесуваат на тоа дека во државава е инсталирана еден вид аномалија на вредностите и стандардите.Луѓето не знаат што да почитуваат.Бомбардирани сме од девалвација на вредностите и недостигот на спроведувањето на законот,-оценува Пеци.

Во тој контекст, додава тој, виновниците не ги добиваат заслужената казни.