Статус на имплементацијата на Инструментот за претпристапна помош- ИПА

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, и шефот на Делегацијата на Европската унија во Скопје, Аиво Орав, денеска во Секретаријатот за европски прашања, ќе присуствуваат на заедничка прес- конференција на која што ќе се презентира статусот на имплементација на Инструментот на претпристапна помош (ИПА) 2007-2013.

Од воведувањето на ИПА во 2007 година, повеќе од 450 проекти беа завршени или се имплементираат во земјата. Со помош на ЕУ широк спектар на проекти се поддржани од големите инфраструктурни и еколошки проекти на малите грантови за НВО, грантови кои ја поддржаа истражување и иновации, реформи во судството, заштитата на благосостојбата на луѓето и животните, размена култура, поддршка на мали и средни претпријатија, итн.