Статуси што не би требало да ги објавувате на социјалните мрежи

Еве осум статуси кои не би требало да ги објавувате на социјалните мрежи. Погледнете ги и запомнете дека социјалните мрежи не служат за:

Исклучителни изјави на љубов

Едно огромно срце кое пулсира на ѕидот на вашето момче е премногу. Изливите на нежност зачувајте ги за спалната соба.

Изјавите што апсолутно никого не го интересираат

„Седам на каучот со најдобрата другарка“. Тоа сигурно никој не го направил досега.

Разговор

„Кога ќе дојдеш дома?“. Овој статус на ѕидот на вашето момче или цимерка воопшто не е потребен, за тоа служат мобилните телефони.

Озборување на шефот или колегата

Секогаш е непријатно кога ќе сфатите дека одредени информации од вашиот приватен профил може да дојдат до вашите надредени.

Снимка од ултразвук

Честитки, бремена сте и ново битие расте во вашиот стомак. Но претпоставуваме дека нема да ставите ренгденски слики на Фејсбук, нели!?

Пасивно – агресивни статуси

„Навистина ме нервира дека луѓето што сметав дека ми се пријатели го покажаа своето вистинско лице и ми зарија нож во грб“. Најдобро е да го тагнете? Секако е дека сме иронични, затоа најдобро е да отстапите од ваков тип на статуси. Повикајте ги пријателите и расчистете меѓу вас, за ова немора да знаат сите ваши пријатели на социјалните мрежи.

Статуси за времето

Можеме и самите да погледнеме низ прозорецот, па не ни е потребна вашата временска прогноза.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.