вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 1

Ставен камен-темелник на првата детска градинка во Новаци

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денес го поставија камен темелникот на првата градинка во оваа општина.

novaci-gradinka-naslovna

Поврзани вести

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денес го поставија камен темелникот на првата градинка во оваа општина.

novaci-gradinka-5

Станува збор за инвестиција во вкупен износ од околу 6, 5 милиони денари, при што Министерството ќе ја превземе обврската за опремување на новата градинка, додека пак општината ќе инвестира во изградбата на овој нов објект. Заедно со изградбата на новиот објект, градинката која што треба да биде изградена до крајот на гоината очекуваме да создаде капацитет за сместување и згрижување на 100 дечиња од предучилишна возраст, што е исто така позитивно со оглед на фактот дека во мали населени места има поголема потреба, родителите имаат барања за отворање градинки каде што ќе може да ги згрижуваат своите деца од предучилишна возраст, рече Спасов.

novaci-gradinka-4

Министерот додаде дека општина Новаци исто така е позитивен пример и по отворените пет центри за Ран детски развој кои, како што рече, се одлична форма за згрижување на дечињата од предучилишна возраст.

novaci-gradinka-3

Тој најави дека Министерството за труд и социјална политика ќе продолжи со соработката со Општина Новаци. Напомена дека досега се отворени дисперзирани одделенија на Центарот за социјални работи и на Агенцијата за вработување, а ова е трет заеднички проект за изградба на градинка во оваа општина.

Досега се отворени 46 градинки во цела Македонија

Одговарајќи на новинарски прашања Спасов информира дека во изминатите години од 2009-тата па наваму Владата на Република Македонија досега инвестирала во изградба на вкупно 46 детски градинки.

Исто така се отворени над 26 Центри за ран детски развој и сите овие инвестиции влијаеја на зголемување на капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст. Споредбено ако земеме во периодот од 2006-тата година околу  15 илјади дечиња беа згрижени во детските градинки, сега се над 38 или 39 илјади дечиња кои што се згрижени во детските градинки во Македонија. Ние имаме сериозен акциски план за отворање на најмалку 10 градинки годишно во повеќе општини во Македонија, каде што има потреба. Секоја година го даваме својот максимум и да го надминеме планираното, за оваа година очекуваме некаде 12-13 објекти да бидат отворени во повеќе општини каде што досега воопшто немаше градинки и со тоа да продолжиме да ги подобруваме капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст, но и да создаваме нови капацитети каде што нема градинки или каде што има потреба. Со оглед на фактот дека се повеќе родители почнуваат да одат на работа, добиваат работно место и имаат поголема потреба за згрижување на нивните деца во детски градинки, рече Спасов.

novaci-gradinka-2

Градоначалникот Котевски рече дека оваа градинка ќе биде од голема корист за жителите на општината, поточно за децата од општината бидејќи, како што рече интерес има пројавено и од жителите на Новаци, но и на другите села, а се работи за 100 до 110 дечиња.

Најчитани вести