Ставен под контрола пожарот кај Чашка

Во четвртокот на територијата на земјата е регистриран само еден пожар, и тоа кај место викано Чашка во општина Ѓорче Петров и тој е локализиран и ставен под контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Ангажираните два авиона од ДЗС во текот на средата извршиле седум налети, а утрово до 11 часот се направени уште три прелети со два авиона.

Дирекцијата за заштита и спасување мобилизирала 25 лица од Републичките сили за заштита и спасување кои се на терен.

Дирекцијата за заштита и спасување е во состојба на зголемена будност, вработените во подрачните одделенија ја следат состојбата на целата територија на земјата и е подготвена да во секој момент доколку има потреба ангажира тимови за брз одговор за гаснење на пожари на отворен простор на територијата на Република Македоинија.