сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Ставрески: 2016 година ќе донесе завршување на една делница од примарниот гасовод и почнување на три нови

gas

Поврзани вести

2016 година ќе донесе завршување на една делница од примарниот гасовод и почнување на три нови, рече министерот за финансии Зоран Ставрески.

Таа што ќе биде завршена е Клечовце- Штип, делницата што почна во 2015 година во март месец и очекуваме до крајот на јуни 2016 да биде целосноз авршена. Цевките се веќе поставени, се врши тестирање така да во јуни 2016 година очекуваме да биде пробно тетсирање на целата делница од Клечовце до Штип.  Во исто време, отворени се тендери за три нови делници, од Штип до Неготино, се очекува да почне со градба во јуни. Вториот е за делницата Скопје- Гостивар, кој ќе почне градба во јули месец и третата делница која што очекуваме да започне септември е од Неготино- преку Прилеп до Битола, Битола ќе добие гас, рече Ставрески.

Најчитани вести