Ставрески: Безбедноста на граѓаните е гарантирана, продолжуваме со проектите

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, министерот за финансии и вицепремиерот Зоран Ставрески во вестите на Сител телевизија истакна дека партијата секогаш е со народот и меѓу народот и додаде дека овојпат особено чувствуваат потреба да бидат тука бидејќи народот има тежина поради актуелната ситуација и сака да ги слушне ставовите за актуелната ситуација и пораките за да бидат спокојни мирни и сплотени граѓаните и да не наседнуваат на провокации.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ како и институциите во државата имаат сила за да се справат со сите предизвици и дека не е првпат да бидат ставен пред предизвици било од внатрешни или надворешни сили.

– Граѓаните да знаат дека безбедноста им е загарантирана и дека ќе продолжиме по патот што е зацртан за Р.Македонија, а тоа е да се решаваат вистинските проблеми на грааѓаните, да се обезбедуваат инвестиции и работни места, земјата да биде стабилна а граѓаните мирни и спокојни, рече Ставрески.

Во гостиварскиот регион, рече тој, се реализирани многу прокети, како и на другите граѓани низ Македонија откупување на дворното место за едно евро по квадрат, легализиација на објектите, повисоки пензии и плати, изградба на локална инфраструктура, како и решавање на прашањето за чиста вода за пиење, со пари од буџетот на општина Гостивар.

– Токму тука е и силата на ВМРО-ДПМНЕ  во реланите проекти и реалната вистина, з аразлика од виртуелната вистина што сака да ја креира опозицијата и Заев. Граѓаните никого не бираат на база на телефонски разговори или креирани и монтирани и стекнати во една незаконска постапка материјали, ниту пак сакаат да слушаат препукувања помеѓу политичарите. Тие сакаат да ги решаваме нивните проблеми и токму тоа е она што Груевски и екипата на ВМРО-ДПМНЕ го праваше изминатите 9 години. Затоа СДСМ не треба да се прашува зошто ја имаме довербата на граѓаните, ја имаме затоа што многу работиме и решаваме многу нивни проблеми, потенцираше Ставрески во вестите на Сител телевизија, кој доаде дека ќе останат посветени на граѓаните и на решавање на нивните проблеми.

Тој додаде дека тоа не значи дека ги решиле сите проблеми, но дека покажува дека работеле напорно да донесат инвеститори и да отворат нови рабтни места. Тој потсети и дека е најавено отвирање на 2.000 нови работни места во фабрика која ќе се отвори во зоната во Тетово.