Ставрески: Државниот долг падна под 35 отсто од БДП

Македонската економија во 2014 година имаше втор најдобар резултат во Европа со раст од околу 4 отсто. Сличен резултат, трет најдобар во Европа беше остварен во 2013 година и во 2011 и 2010 година, изјави министерот Зоран Ставрески.

-Падот на економијата во кризниот период од 2009 до 2012 година беше најамал од сите земји во ЈИЕ. Во такви околности, економскиот тим на Владата предводен од премиерот ги наоѓаше најдобрите решенија. Овие резултати исто така се отсликаа и во состојбите во буџетот и во одржувањето на нивото на задолженост меѓу најниските во Европа, рече Ставрески.

Ставрески денеска нагласи дека државниот долг на Република Македонија е спуштен под 35 проценти од БДП, што е меѓу четирите најниски во Европа.

-И тоа покажува на каков начин сме се справиле со тој предизвик, кога во соседствто и во многу земји од Европа јавниот долг достигнува над 100 проценти, рече Ставрески.