Ставрески: Државниот долг падна под 35 проценти

Државниот долг на Република Македонија е намален и истиот е под 35 проценти од БДП. За ова денеска информираше вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

-Денеска, државниот долг на Република Македонија е спуштен под 35 проценти од БДП, што е меѓу четирите најниски во Европа. И тоа покажува на каков начин сме се справиле со тој предизвик, кога во соседството и во многу земји од Европа јавниот долг достигнува над 100 проценти, рече Ставрески.

Ставрески потенцираше дека Буџетот е во одлична кондиција и како што беше објавено завчера,  таа одлична кондиција на македонската економија и на Буџетот обезбедила предвреме да го вратиме долгот кон ММФ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.