Ставрески: Експресниот пат Кочани-Штип еден од приоритетите на Владата

Министерот за финансии Зоран Ставрески одговарајќи на пратеничко прашање истакна дека експресниот пат Кочани-Штип е еден од патните правици кој е во приоритетит на Владата и како такво ќе почне да се врши реконструкција на патот во 2015 година.

-Средствата се веќе обезбедени во рамките на проектите што ги одобри бордот на Европската банка за обнова и развој за четири патишта. Да потсетам се работеше за патот од Градско до Прилеп, Кочани-Штип, третиот Охрид-Пештани и четвртиот е од Древеништа до Струга, истака Ставревски .

Ставревски одговори и на прашање во врска со извозниот раст од економските зони кој достигна над милјадра долари дали истото може да очекуваме да се зголеми.

-Изградбата на слободните индустриски зони и привлекувањата на странски компании е еден од приоритетите и столбовите на политиките на Владата уште во 2006-та година. За да тоа се случи потребно беше прво да ја подобриме бизнис климата, односно да направиме Македонија да има подобар амбиент за работење и на домашните и на странските компании, истака Ставревски.

Тој додаде дека веќе се изградени 4 слободни зони , а уште 11 други се во тек на изградба.

-Можеме со гордост да кажеме и со задоволство дека во 2014 година извозот на компаниите што работат во слободните зони и индустриските зони достигна над една милјарда евра односно над 30% од вкупинот извоз на стоки од Република Македонија, додаде Ставрески.

Ставрески истакна дека ефектот на работењето на фирмите во слободните економски зони се мери и по бројот на вработени кој што од месец во месец се зголемува . Преку 11.000 луѓе се вработени во фирмите кои што работат во слободните економски зони, и најави дека допрва следуваат уште подобри бројки во тој дел односно нови вработувања.