Економија

Ставрески: Голем интерес на граѓаните за мерката отпис на долгови

Ставрески: Голем интерес на граѓаните за мерката отпис на долгови

Отписот на долговите предизвика огромен интерес кај граѓаните, секаде каде што одиме приоѓаат, се распрашуваат и сакаат да знаат повеќе детали за мерката. Истата се однесува на најсиромашните категории на граѓани, приметелите на социјална помош, семејствата каде што има по двајца невработени или ако живее сам еден невработен кој што е подолго од 12 месеци без работа, како и смесјтвата во коишто заради смрт, тешка повреда или болест се променила материјалната состојба и неможат да ги отплаќаат обврските.

Ова го истакна носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Изборна единица 4 Зоран Ставрески, при денешната посета на струмичко.

Нагалси дека ќе се отпишуваат догови за струја што не се платени подолго од 12 месеци, а за оние кои имаат долгови за помалку од 12 месеци, појасни дека, ќе се договори репрограм да се плаќаат до 8 години.

„Ќе бидат отпишани и долгови кон банките за тековни сметки, потрошувачки кредити и кредитни картички и ќе бидат отпишани долгови за радиодифузна такса и за парно греење. Така што со даночен кредит, односно солбодување на екномските субјекти од плаќање на данок, државата ќе им помогне на овие најранливи категории на граѓани кои што беа погодени од овие години на криза да ја надминат состојбата, да куртулат од извршителите и понатаму да имаат подобри можности и подобра сосотоја во однос на плаќањето на идните обврски“, додаде Ставрески.