Ставрески: Граѓаните сакаат фабрики во кои ќе работат, а не фабрики за афери

Интересот на граѓаните на Република Македонија секако дека се фабрики, ама фабрики во кои што работат луѓе, што примаат плата и што заработуваат за сопственото семејство. Фабрика во која што ќе се произведуваат автомобилски делови или фабрика во која ќе се произведуваат автобуси. За разлика од нас СДСМ произведува фабрики за афери и фабрики за купени новинари. Тоа се единствените фабрики кои ги отвори СДСМ досега, во своето постоење како политичка партија.

Ова го истакна Зоран Ставрески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина- дел од кампањата „На Македонија и треба твојата идеја“, која се одржа во Могила.

Посетите на населените места, се наш стил на работа, наш однос кон луѓето, бидејќи не треба да доаѓаш само кога треба да го побараш нивниот глас за избори, туку треба да си присутен и да разговараш со граѓаните кога и нив им е најпотребно за да ги слушнеш нивните идеи и размислувања, да ги погледеш луѓето во очи бидејќи тоа не е лесно, ако не си сработил како што треба и ако не си се однесувал како што треба, да ја истрпиш и нивната критика и да слушнеш совети и размислувања за тоа како понатаму да се продолжи со работа со цел на поуспешен начин да се реализира програмата и проектите за подобар живот на сите граѓани. Тоа е нашиот начин на работа. Тоа го правиме во континуитет.

Преку предвремените избори ќе се дигне политичката магла

Порано не беше замисливо, премиерот или министрите или пратениците да ги гледате толку често помеѓу граѓаните. Поготово се однесуваше тоа за руралните средини. Вечерва сме тука со овој млад тим, луѓе кои се перспектива на нашата партија. Тука сме да ги слушнеме вашите идеи и предлози за новата програма. Ние не сакаме нашата програма да ја направиме во канцеларија, самите, туку најдобро е да се слушнат граѓаните. Не може се` да се прифати, меѓутоа ќе гледаме најголем дел од предллозите да бидат прифатени и да се во програмата, рече Ставрески.

Тој се осврна…