Ставрески: Граѓаните сакаат фабрики во кои ќе работат, а не фабрики за афери

Тој се осврна на моменталните состојби во државата и потенцираше дека 2015-та е една од потешките години за граѓаните во која што политичката криза која, како што рече, ја наметна опозицијата, ја стави во грч целата земја и на некој начин ја наметна политиката над економијата.

Тоа секако не е добро, бидејќи граѓаните очекуваат од нас да се подобри нивниот живот да овозможиме да се отворат нови работни места, да се зголемат субвенциите, да работиме на економски план а не за да се занимаваат политичарите само со себе или преку афери  и слично, или со лаги и полувистини, политичарите да си наштетат едни на други. Состојбата е таа што е, која за жал имавме ситуација каде што, политичката криза доби широки размери и истата во некоја насока почна да се канализира и да се решава со договорот кои што се постига во јули и со кои што се предвидоа повеќе економски активности, измени на закони и други акти со цел да се организираат предвремени избори.

Преку предвремените избори, додаде Ставрески, ќе се дигне политичката магла и ќе се види кој навистина ја има поддршаката на граѓаните и кој ја зборува вистината, а кој ја зборува лагата и ја нема довербата на граѓаните.

И ние сме убедени дека граѓаните како што и претходно направиле, ќе донесат мудра одлука, бидејќи граѓаните е секогаш попаметен од сите политичари заедно. Таа одлука секако нема да се базира врз голи фрази, кој политичар што им ветувал, туку ќе се базира врз тоа што сме го сработиле. Изборите не се добиваат за 3 месеци, ниту се губат за 3 месеци. Изборите се добиваат ако 4 години си работел или 4 години не си работел од тоа што си го ветил.

СДСМ произведува фабрики за афери

Секогаш кога ќе помислиме дека сме стигнале до крајот, до дното на политичката некултура и на однесувањето на опозицијата, рече Ставрески, СДСМ секогаш не изненадува и покажува дека може да се спушти уште пониско од тоа.

Вклучително и со новата афера, во која што е очигледно дека се фатени на дело во соработка со луѓе со криминални структури и каде што е евидентно дека се работело за фабрика која што била направена со цел да фалсификува, не само лични карти, пасоши, банкарски сметки и други документи, туку едноставно да фабрикува афери за актуелни политичари и да им наштети на раководните лица на ВМРО-ДПМНЕ, а притоа неводејки сметка дека тоа е криминално, и второ и наштетува на цела Република Македонија. Од тие причини, граѓаните треба да се многу внимателни во наредниот период, бидејќи стратегијата на СДСМ е јасна. Прво е или да нема избори, што би било за нив најпосакувана опција или ако веќе мораат да дојдат на изборите во април, до тогаш да дојдат до некој скандал и да фрлат некоја дамка, за да велат дека изборите не беа чисти и не беа фер и повторно да ја втурнат државата во некоја нова криза. Мора сите граѓани да останеме стабилни и смирени и сериозни и да ја набљудуваме таа ситуација со внимателност и да не одговараме на провокации, напротив, јасно, силно да го направиме она што треба да го направиме, да ги поразиме и да им кажеме збогум еднаш за секогаш на актуелното раководство на СДСМ. А дека ќе ги поразиме, сите знаете дека ќе ги поразиме.

Посочи дека предноста на ВМРО-ДПМНЕ ја покажуваат сите анкети и токму поради тоа е нервозно целото раководство на СДСМ.

Ние ќе излеземе од оваа битка посилни, посплотени и поангажирани за да работиме за интересите на граѓаните. Интересот на граѓаните на Република Македонија секако дека се фабрики, ама фабрики во кои што работат луѓе, што примаат плата и што заработуваат за сопственото семејство. Фабрика во која што ќе се произведуваат автомобилски делови или фабрика во која ќе се произведуваат автобуси. За разлика од нас СДСМ произведува фабрики за афери и фабрики за купени новинари. Тоа се единствените фабрики кои ги отвори СДСМ досега, во своето постоење како политичка партија, подвлече Ставрески.