Ставрески: Ќе има нови работни места и од странски и од домашни инвеститори

ВМРО – ДПМНЕ ветува дека во наредниот период ќе се отворат најмалку 64.000 работни места. За тоа ветување најдобра поткрепа имаме во најавите што само во последните три недели ги направија девет странски инвеститори, кои ќе отворат вкупно 13.000 работни места, истакна Зоран Ставрески и додаде дека покрај отварање на нови работни места од странски инвеститори ќе има и нови работни места креирани од домашните инвеститори.

Ставрески посочи дека се обезбедени мерки како ослободување од плаќање на работодавачот на социјални придонеси и персонален данок доколку вработи лице до 29 години, со обврска да го задржат уште најмалку 12 месеци на работа, како и обезбедување кредити за младите кои сакаат да започнат сопствен бизнис.

Со проектот се обезбедени кредити од 7.000 евра за оној кој го основа бизнисот и по 4.000 илјади евра за секој дополнително вработен, односно до 4 лица, значи вкупно 23.000 евра за лица со 5 вработени. Средствата се обезбедени со најповолни можни услови со 7 години рок на отплата, грејс период од 18 месеци и каматна стапка од 1 отсто.