Македонија

Ставрески ќе ги врачи клучевите на добитникот на станот од првото извлекување

Ставрески ќе ги врачи клучевите на добитникот на станот од првото извлекување

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ги врачи клучевите од станот на добитникот од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“.

Добитник на станот од првото извлекување е кумановецот Трајко Кузмановски. Станот е лоциран на улицата „Трета Македонска Бригада“ во Скопје. Во првото коло беа доделени и деловен простор во Скопје и автомобил „Пежо 208“. Пристигнати беа над 800 илјади коверти со фискални сметки издадени по 15 ноември 2013 година.

Наградната игра ја организира Државната лотарија на Македонија под покровителство на Министерството за финансии на Република Македонија. Ќе има вкупно 13 извлекувања, а второто ќе биде во понеделник на 27 јануари во 20 часот на МРТ 1.

Главната награда за ова извлекување е автомобил Фолксваген Поло и 150 вредносни ваучери, во вредност од 1.000 до 60.000 денари. Ќе учествуваат сите коверти со фискални сметки што ќе бидат испратени до 26 јануари во 24 часот. Ковертите може да се испраќаат по пошта или да се достават во еден од пунктовите кои се лоцирани во зградата на МРТ, на ул. Македонија и во „Техномаркет“ во Сити Галери. Пликовите на пунктот кај Техномаркет ќе може да се остават од 9 до 21 часот, а на пунктот на ул. „Македонија“ од 8 до 24 часот.