Ставрески ќе поднесе тужба против Петре Шилегов

Вицепремиерот и министер за економија, Зоран Ставрески најави дека денеска ќе поднесе тужба против портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

-Измина законскиот рок од 48 часа согласно член 13 од Законот за граѓанска одговорност, за портпаролот Петре Шилегов јавно да му се извини на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески за клеветата која јавно ја ирече на 11 и 12 јануари дека Ставрески го потпишал договорот со германската фирма Лудвиг Фајфер за рехабилитација на канализационата мрежа во Прилеп. Бидејќи Шилегов не даде никакви докази дека вицепремирот е потписник на договорот, ниту се извини за лагата, Ставрески, како што вети, подготви и во текот на денот ќе достави тужба за клевета до Обвинителството, стои во соопштението од Министерството.