Договор за финансирање изградба на водовод во Шуто Оризари

Заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески денеска со Град Скопје и Општина Шуто Оризари ќе го потпише договорот за финансирање на Изградба на водовод во општина Шуто Оризари.

Финансиските средства за изградбата за водоводот се обезбедени преку Проектот за подобрување на општинските услуги.