Ставрески: Со „Купи куќа, купи стан“ 820 семејства дојдоа до сопствен дом

Еден од круцијалните проекти за ВМРО-ДПМНЕ е проектот „ Купи куќа за млади“ преку кој сите млади лица до 35 години може да дојдат до сопствен дом со државна помош.

Министерот за финансии Зоран Ставрески истакна дека веќе ги имаат првите корисници на овој  проектот. Едно лица од Кисела Вода и едно од Свети Николе веќе ќе добијат свој сопствен дом благодарение на овој проект.

Ставрески го образложи овој проект и истакна дека има два модели, односно два начини на аплицирање.

Првиот модел предвидува исплаќање на субвенции на месечната рата во период од 11 години. Првите 8 години Владата субвенционира 80% од средствата, а во следните три години 50% од ратата. Субвенциите важат за кредитите до максимален износ од 50.000 евра.

Вториот модел предвидува исплаќање на субвенција во висина од 100% од средства за учество во кредитот за стекнување со куќа, а понатаму кредитот младиот човек сам ќе си го исплаќа. Оваа субвенција може да достигне сума до 12.500 евра доколку се користи кредит од 50.000 евра.

Ставрески посочи дека со цел да им се помогне на граѓаните за овој проект имаат организирани и караван, кој досега поминал во 17 општини ни Македонија, а во наредниот период ќе биде уште во толку градови.

Според него целта на овие посети низ градовите е да им се овозможи на граѓаните полесно да го разберат овој проекти и да добијат информации и совети како да го искористат.

Ставрески посочи дека проектот„ Купи куќа, купи стан“ веќе подолго се реализира и има одлични резултати.

Само во последните две години има 600 апликации, односно 600 граѓани си добија куќа или стан. 21 милион евра станбени кредити се одобрени врз база на проектот во овие две години. А вкупно во овие 3,5 години откако се реализира овој проект 820 граѓани го решија своето станбено прашање и до 28 милини евра станбени кредите им се одобрени на тие граѓани. 820 семејства без тој период не можеа самите да дојдат до сопствен дом, истакна Ставрески.

Тој посочи дека со овој проект се намалени и каматните стапки и цената на станбениот кредит.