Ставрески: Најбрзо што е можно ќе се реконструира студентскиот „Гоце Делчев“

Премиерот Никола Груевски заедно со носителите на листи на ВМРО ДПМНЕ одговараат на прашањата поставени на фејсбук страната на премиерот Груевски.

Едно од прашањата кое беше поставено до нив беше и она за најавената реконструкција на студентскиот дом Гоце Делчев.

-Ние кога ја носевме одлуката во Влада исто така побаравме максимално брзо да се подготви проектната документација бидејќи е сериозен проект за целосна реконструкција на домот и веднаш штом се создадат законски услови, а тоа е по завршувањето на изборниот циклус ќе може да се објави и јавен оглас за компанија која ќе ја подготви проектната документација. Откако заврши таа фаза, ќе се објави и огласот за градба, рече министерот Ставрески.

Тој рече дека со оглед на овие околности, може да се очекува некаде до крајот на годинава овие постапки да се привршат.

-Веќе имаме договорено средства за ова и најбрзо што е можно да се пристапи кон реконструкцијата, рече Ставрески.

Премиерот Груевски нагласи дека во новата програма ветен е овој проект, со прецизни рокови.