Ставрески: Нашата политика е отворање зони и нови вработувања

Собранието ја констатираше оставката на Ставрески
Собранието ја констатираше оставката на Ставрески

Во Буџетот за 2016 година предвидени се средства за изградба на ТИРЗ Липково, ТИРЗ Куманово и ТИРЗ Маврово – Ростуше, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на расправата за буџет во Собрание.

Покрај овие ТИРЗ-ови во буџетот на Агенцијата се ставени дополнителни средства за зоната во Струга 103 милиони денари. Предвидени се и средства за доградба на зоната во Кичево.

– Нашата политика е да се отворат зони во што е можно повеќе градови и да се вработат и Македонци и Албанци и Турци и Роми и Власи и Срби и сите националности кои живеат во Македонија. Наша цел е да креираме работа за сите невработени, вели Ставрески.