Ставрески: Невработеноста не се намалува случајно, таа е резултат на политики на владата

И покрај ситуацијата во која се наоѓа земјава на политички план, продолжува тенденцијата секој квартал да се намалува неврботеноста. Тоа е добро и верувам дека ќе продолжи и во иднина, при што нашиот таргет е да стигнеме до 22 отсто невработеност за период од три до три ипол години, вели вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во интервју за МРТ.

5000000stavreski

Најновите податоци на државната статистика покажуваат намалување на невработеноста. Таа сега изнесува 27,3 отсто. Како ги коментирате најновите податоци на Државната статистика?

-Секако добар е трендот на намалување на невработеноста, последните податоци до крајот на март покажуваат дека продолжува онаа добра тенденција секој квартал да се намалува неврботеноста, во услови кога во Европа таа има обратни движења. Истовремено се зголемува и бројот на вработени лица. Значи во последната година имаме околу 10.000 помалку невработени и околу 11.000 лица кои во меѓувреме се вработиле. Тоа е добар податок, за една година, во која во вториот квартал лани имавме избори, а во првиот квартал од оваа година има политичка нестабилност. Ваквите тенденции покажуваат дека приватниот сектор успева да создава работни места. Тоа е добро и верувам дека ќе продолжи и во иднина, при што нашиот таргет е да стигнеме до 22 отсто невработеност.

За кој период?

-Очекувам тоа да се случи во следните 3 до 3 ипол години.

Дали и колку владините мекри и новите инвестиции придонесоа да се намали невработеноста?

-Секако, невработеноста не се намалува случајно. Тоа е резултат на политики на владата кои во основа се на два фронта. Првиот е да се креира добра бизнис клима и да се одржува истата со ниски даноци што привлекува странски инвеститори, а на домашните инвеститори им овозможува да ја прошират својата дејност и да отворат нови работни места. Креирани се преку 13 илјади работни места во слободните зони и десетици илјади работни места во домашните фирми. Од друга страна, и активните политики на владата како втор сегмент на решавање на проблемот со невработеноста се многу значајни, тука има голем број на пректи кои се спроведуваа изминатите години, пред се проектот за самовработување, новиот проект „Македонија вработува“ и многу други проекти кои Агенцијата за вработување ги спроведува, со цел кај таргетирани групи да се подобрат условите за нивно ангажирање во производниот процес. Само во проктот Македонија вработува за неполн месец се ангажирани над 1.600 лица и тоа во услови кога на некој начин сеуште има грч кај приватниот сектор заради актуелната политичка ситуација, така што преку тој проект верувам дека ќе стигмене до таргетот од 20 илјади вработувања, а и преку другите проекти и активни мерки дека ќе успееме да го надополниме она што од друга страна ќе се реализира преку економскиот раст и ангажманот на работници во домашните и во странските фирми, вели Ставрески.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.