Ставрески: Невработеноста падна на 27 проценти, се очекуваат нови работни места

Креирани се преку 125.000 работни места. Тоа се резултатите на оваа Влада и на економскиот тим на Владата, рече министерот за финансии Зоран Ставрески на денешната прес-конференција.

-Македонија со континуираните реформи, со подобрувањето на бизнис климата успеа да привлече голем број на компании, преку 30 компании кои што работат во слободните економски зони и индустриските зони, повеќе од 13 илјади работни места се креирани и дополнително очекуваме од 12 до 13 илјади нови работни места да бидат креирани во 20 до 25 нови, кои што веќе ја донеле одлуката да инвестираат во РМ, рече Ставрески.

Тој нагласи дека сите овие економски резултати не би биле толку значајни ако немале одраз врз стандардот на луѓето и врз невработеноста.

-Во тој дел, во овие тешки години на криза, ние сепак успеавме да ја намалиме невработеноста од нивото кое ни го остави СДСМ во 2006 година 37 проценти, на 27,9 проценти, значи цели 10 процентни поени и креирани се преку 125.000 работни места. Тоа се резултатите на оваа Влада и на економскиот тим на Владата, рече Ставрески.