Ставрески: Објавуваме војна на невработеноста

Министерот за финансии Зоран Ставрески за емисијата „Бизнис 365“ на МТВ ги објаснува најновите мерки на Владата за намалувањето на невработеноста во Македонија.

Се работи  за еден навистина амбициозен пакет од пет мерки на фискални стимулации со кои што на некој начин објавуваме војна на невработенoста на еден многу  поинтензивен начин од досега, иако и досега бевме максимално фокусирани, имавме солидни и добри резултати  дури и во текот на кризата, кога во другите земји се зголемуваше невработеноста ние успеавме да создадеме услови да се креираат околу 130 илјади работни места и се намали невработеноста.

Но таа се уште е на  високо ниво и затоа беше потребен еден поамбициозен пакет на мерки со кои што таргетираме различни групи на невработени лица зависно од возраста, и каде одиме со доста атрактивни фискални стимулации односно ослободување од плаќањето персонален данок и сите придонеси, за првата група до 35 години, и тоа е околу 36 или 37 проценти од трошоците што ги имаат фирмите кога ќе се соберат придонесите и персоналниот данок, тоа е 36-37 посто од трошокот за вработување на едно лице.

Значи значително олеснување за домашните фирми доколку вработат лица до 35 годиншна возраста. Но во пакетот мерки имаме и мерки насочени кон повозрасните категории на граѓани, оние кои потешко се вработуваат односно изгубиле работна кондиција, некогаш работеле во државните фирми или во други фирми кои биле во општествена сопственост, стечајците, значи за сите нив имаме фискални стимулации предвидено доколку работодавач се реши да ги вработи.

Кај нив отидовме со уште поамбциозен пакет, поиздашен пакет на фискални стимуалции. Практично сите лица што се над 50 години ќе може 5 години да бидат ослободени од плаќањето придонеси доколку работодавач се одлучи да вработи такво лице, а за категоријата на лица кои најтешко се вработуваат, над 58 години заради возраста, а останале без работа повторно заради одредени причини во транзицијата одредуваме до пензионирањето целосно да се ослободени, значи 6 до 7  ќе бидат ослободени од плаќањето придонеси фирмите кои што ќе вработат вакви лица.

И имаме мерка за социјалните категории и ранливите категирии на граѓани како што се децата без родители и примателите на социјална помош, семејстава кои се самохрани или еднородителски, потоа и  професионалните војници исто така, кои кога ќе навлезат во одредена возраст им завршува работниот ангажман во АРМ и други категории на граѓани кои спаѓаат во вакви повредливи социјални категории. За нив исто така предвидовме петгодишно ослободување од придонесите.

Се работи за една широка лепеза во која  секоја фирма ќе најде одредена причина и одреден интерес да вработи одредено лице зависно од потребите на фирмата и од состојбите на пазарот на работна сила, односно во кој град во државава, луѓе со какви квалификации се навработени. Така што ова е директна мерка за поддршка на домашното стопанство, односно домашните фирми,  зошто за нив е значително трошковно олеснување со помал трошок да ангажираат лица што ќе им овозможат да реализираат одредени работни активности и фирмите да имаат поуспешни и подобри резултати.

Ова е мерка што ќе важи одреден временски период и затоа е добро фирмите да ја искориста шансата и што е порано можно да ангажираат вакви лица и да ја искористат можноста со помали трошоци да го зголемат бројот на вработени.

Македонската економија има добар тренд. Ако го погледнеме изворот на растот тоа секако е извозот и капиталните инвестиции. Во 2014 извозот растеше со 17 проценти во време кога увозот растеше со 14 проценти во време кога капиталните инвестиции овозможија реализација на широк фронт на капитални инвестиции кои овозможуваат раст на градежништвото, преработувачката индустрија и други стопански гранки. Со оглед на тоа што истите фактори ќе ги имаме во 2015 година и понатаму, односно инвестицискиот циклус не само што нема да се намали туку и ќе се зголеми преку поинтензивна реализиција на крупните проекти пред се, пругата кон Бугарија, патните коридори и автопатите, гасоводот, изградба на голем број регионални патишта, водоводи , канализации, образование, здравство…значи инфраструктурни проекти сето тоа ќе овозможи заедно со новите фирми што ќе отворат погони во слободните економски зони да се реализира и понатаму висок раст на македонската економија при што очекувањата се, и наши и на централната банка се, дека има основа за раст над 4 проценти во 2015 годиниа, и до 4,5 процент во 2016 година, доколку се разбира нема некаква нова криза во европската економија што не се очекува.

Сепак се смета дека европската економија иако нема да оди со којзнае каква динамика на раст, сепак ќе има некаков раст. Така да мислам дека сме во добра насока позиционирани и овие столбов на економскиот раст ќе овозможат индустријата, градежништвото, увозот и извозот и инвестициите да бидат и понатака со позитивни стапки и да овозможат да расте македонската економија, а со тоа и да се вработуваат луѓе и во слободните зони и во домашните фабрики и на тој начин да го решаваме проблемот на невработеноста, заедно со овие активни мерки и активни политики кои претходно ги спомнав.

-Но таа се уште е на  високо ниво и затоа беше потребен еден поамбициозен пакет на мерки со кои што таргетираме различни групи на невработени лица зависно од возраста, и каде одиме со доста атрактивни фискални стимулации односно ослободување од плаќањето персонален данок и сите придонеси, за првата група до 35 години, и тоа е околу 36 или 37 проценти од трошоците што ги имаат фирмите кога ќе се соберат придонесите и персоналниот данок, тоа е 36-37 посто од трошокот за вработување на едно лице, смета Ставрески.

Тој додава  дека во пакетот има и мерки насочени кон повозрасните категории на граѓани, оние кои потешко се вработуваат односно изгубиле работна кондиција, некогаш работеле во државните фирми или во други фирми кои биле во општествена сопственост, стечајците.

-Кај нив отидовме со уште поамбциозен пакет, поиздашен пакет на фискални стимуалции. Практично сите лица што се над 50 години ќе може 5 години да бидат ослободени од плаќањето придонеси доколку работодавач се одлучи да вработи такво лице, а за категоријата на лица кои најтешко се вработуваат, над 58 години заради возраста, а останале без работа повторно заради одредени причини во транзицијата одредуваме до пензионирањето целосно да се ослободени, значи 6 до 7  ќе бидат ослободени од плаќањето придонеси фирмите кои што ќе вработат вакви лица.И имаме мерка за социјалните категории и ранливите категирии на граѓани како што се децата без родители и примателите на социјална помош, семејстава кои се самохрани или еднородителски, потоа и  професионалните војници исто така, кои кога ќе навлезат во одредена возраст им завршува работниот ангажман во АРМ и други категории на граѓани кои спаѓаат во вакви повредливи социјални категории. За нив исто така предвидовме петгодишно ослободување од придонесите, вели министерот за финансии.

Ставрески потенцира дека се работи за една широка лепеза во која секоја фирма ќе најде одредена причина и одреден интерес да вработи одредено лице зависно од потребите на фирмата и од состојбите на пазарот на работна сила, односно во кој град во државава, луѓе со какви квалификации се навработени.

-Ова е директна мерка за поддршка на домашното стопанство, односно домашните фирми,  зошто за нив е значително трошковно олеснување со помал трошок да ангажираат лица што ќе им овозможат да реализираат одредени работни активности и фирмите да имаат поуспешни и подобри резултати.Ова е мерка што ќе важи одреден временски период и затоа е добро фирмите да ја искориста шансата и што е порано можно да ангажираат вакви лица и да ја искористат можноста со помали трошоци да го зголемат бројот на вработени, истакнува Ставрески кој вели дека македонската економија има добар тренд.

-Ако го погледнеме изворот на растот тоа секако е извозот и капиталните инвестиции. Во 2014 извозот растеше со 17 проценти во време кога увозот растеше со 14 проценти во време кога капиталните инвестиции овозможија реализација на широк фронт на капитални инвестиции кои овозможуваат раст на градежништвото, преработувачката индустрија и други стопански гранки. Со оглед на тоа што истите фактори ќе ги имаме во 2015 година и понатаму, односно инвестицискиот циклус не само што нема да се намали туку и ќе се зголеми преку поинтензивна реализиција на крупните проекти пред се, пругата кон Бугарија, патните коридори и автопатите, гасоводот, изградба на голем број регионални патишта, водоводи , канализации, образование, здравство…значи инфраструктурни проекти сето тоа ќе овозможи заедно со новите фирми што ќе отворат погони во слободните економски зони да се реализира и понатаму висок раст на македонската економија при што очекувањата се, и наши и на централната банка се, дека има основа за раст над 4 проценти во 2015 годиниа, и до 4,5 процент во 2016 година, доколку се разбира нема некаква нова криза во европската економија што не се очекува. Сепак се смета дека европската економија иако нема да оди со којзнае каква динамика на раст, сепак ќе има некаков раст. Така да мислам дека сме во добра насока позиционирани и овие столбов на економскиот раст ќе овозможат индустријата, градежништвото, увозот и извозот и инвестициите да бидат и понатака со позитивни стапки и да овозможат да расте македонската економија, а со тоа и да се вработуваат луѓе и во слободните зони и во домашните фабрики и на тој начин да го решаваме проблемот на невработеноста, заедно со овие активни мерки и активни политики кои претходно ги спомнав, додава Старески.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.