Македонија,Политика

Ставрески: Очекуваме 30 нови странски инвестици во следните четири години

Ставрески: Очекуваме 30 нови странски инвестици во следните четири години

Целата операција на отпис на долговите треба да заврши за два до три месеци, заклучно до септември, а право да аплицираат имаат корисници на социјална помош, лица кои подолго од 12 месеци се невработени и активно бараат работа и граѓани кои поради семејна несреќа или тешка болест не можат да си ги платат долговите. Рокот за поднесување барања за откуп на дворовите по едно евро за квадрат ќе трае до 13 ноември и ќе нема ново продолжување, вели министерот Зоран Ставрески во интервју за Вечер.

Ставрески посочи дека отписот на долговите ќе почне да се реализира веднаш по формирањето на новата Влада, откако законот со кој ќе биде регулирана оваа мерка ќе добие зелено светло од Владата и од Собранието.

„ Со законот за отпис на долгови ќе бидат опфатени три категории граѓани: корисници на социјална помош, лица кои подолго од 12 месеци се невработени и активно бараат работа и граѓани кои поради семејна несреќа или тешка болест не можат да си ги платат долговите. Се обврзавме да ги отпишеме долговите кон банките, како и долговите за струја, за парно и радиодифузна такса направени до 31.12.2013. Во делот на долговите кон банките, се работи за долгови настанати по основ на кредитни картички, потрошувачки кредити и минусни салда на тековна, а кои не се платени повеќе од една година и не се обезбедени со движен или недвижен имот. Во делот на електричната енергија, правото на отпис се однесува на долгови кои не се подмирени повеќе од една година и за кои е покрената тужба. За достасаните обврски кои не се сервисирани во пократок рок од 12 месеци, ќе побараме од ЕВН да овозможи нивно повеќегодишно репрограмирање. Има неколку услови кои треба да се исполнат. Кај категоријата невработени, лицето треба да е евидентирано како активно невработено во Агенцијата за вработување повеќе од една година. Доколку станува збор за сопружници двајцата треба да се евидентирани како невработени и во претходната година да немаат остварено приход над 105.600 денари. Исто така, лицето не смее да поседува друг стан или куќа, освен онаа во која живее. Проектот ќе се реализира на тој начин што државата ќе ги ослободи ЕВН, банките и другите економски субјекти од плаќање данок, а тие ќе им ги отпишат долговите на социјално загрозените граѓани. Според тоа, трошокот ќе го понесе државата, но очекуваме и банките, ЕВН и другите економски субјекти да помогнат преку постигнување на добри услови за отпис на долговите. Откако ќе помине законот за отпис на долгови на Влада и на Собрание, граѓаните ќе можат да поднесат барање до институцијата која ќе ја назначиме за надлежна и доколку ги исполнуваат условите, долговите ќе им бидат отпишани. Би сакал да истакнам дека никој не треба да се грижи дека ќе биде изоставен. Владата ќе биде со граѓаните во текот на целиот процес, ќе им помагаме, ќе им се јавуваме на сите кои ги исполнуваат условите, се со цел секој што е опфатен со мерката да може да го оствари правото на отпис на долгот“, вели Ставрески во интервјуто.

Во однос на ветените нови работни места кои владејачката партија ги најави во предизботната кампања, Ставрески
Досега создадовме 119.186 нови работни места и покажавме дека знаеме како да се справиме со невработеноста, дури и во услови на долга и длабока светска криза. Тоа го направивме кога во сите околни и други европски држави вели дека целта е до крајот на следниот мандат да се креираат најмалку 64.000 нови работни места, а стапката на невработеност да се намали на ниво од 22 отсто., што е остварливо доколку нема нови кризи во европската и светската економија. Креирање на работни места е нешто што не доаѓа лесно, ниту само од себе.

„ Прво и најважно е, да продолжат политиките на одлична бизнис клима, ниски даноци и партнерство со приватниот сектор. Поткрепено со позитивните ефекти од реализацијата на крупните инфраструктурни проекти како што се трите автопати (Скопје-Штип, Кичево-Охрид и Демир Капија-Смоквица на Коридорот 10), пругата кон Бугарија, изградбите на нови клинички центри, училишта, спортски сали, водоводи, канализации, хидросистеми, енергетски проекти, регионални и локални патишта и многу други капитални инвестиции, тоа ќе овозможи остварување на повисок економски раст, а со тоа и нови работни места. Нови вработувања ќе се отворат и со 100-те нови милиони евра кои им ги ставивме на располагање на домашните фирми преку Европската инвестициска банка. Овие средства им се на располагање на фирмите со субвенционирана каматна стапка од 5,5%, при што од Буџетот покриваме дел од трошоците за фирмите да ги користат средствата со пониска камата. За намалување на невработеноста ќе придонесат и инвестициите во слободните и индустриските зони и работните места кои ќе се отворат таму. Само до сега се најавени уште 13.800 нови вработувања во компаниите кои имаат отворено фабрики во Македонија. Во следните четири години очекуваме уште најмалку 30 нови странски инвестиции во слободните и во индустриските зони кои ќе креираат десетици илјади нови работни места“, истакнува Ставрески.