Ставрески: Отпис на долговите за социјално ранливите категории

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ има проект со кој што се предвидува  отпис на долговите на најранливите и најсиромашни категории на граѓани во Република Македонија. Мерката ќе почне да се применува веднаш по формирањето на новата влада, а постапката ќе се заврши до септември. ЕВН и банките и останатите субјекти ќе бидат ослободени од даноци во иста сума колку што ќе отпишат долгови, истакна Зоран Ставрески.

Тој додаде дека семејствата кои имаат деца со пречки во развојот ќе имаат зголемување на надоместокот за 25 отсто наредната година и дека истото покачување е предвидено и за семејствата кои згрижуваат деца со пречки во развојот. Семејствата пак со деца со Даунов синдром од 2015 година ќе добиваат надомест кој досега го немаше.

Ставрески потенцираше дека грижата за пензионерите продолжува и нивната пензија редовно ќе се зголемува по 5 проценти секоја година и додаде дека ќе се работи за подобрување а нивниот животен стандард.

Во програмата исто така се предвидува проект кој вклучува бесплатен викенд во одмаралиштата во Република Македонија. Оваа мерка ќе можат да ја искористат по 3.000 пезнионери годишно.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.