Ставрески: Пензиите и социјалната помош дополнително ќе се зголемуваат

Пензиите и социјалната помош во континуитет се зголемуваат, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на вчерашната прес конференција.

-Пензиите во континуитет се зголемуваат, за 62 проценти е зголемена просечната пензија, а за 76 проценти најниската пензија и такво дополнително зголемување за пензионерите ќе имаме и оваа година во септември, изјави Ставрески.

За околу 50 отсто е повисока социјалната помош од пред околу 7-8 години и такво зголемување е предвидено и во јуни оваа година.

– Слично се зголемуваше и социјалната помош за најранливите категории, за околу 50 отсто е повисока од пред околу 7-8 години и такво зголемување е предвидено и во јуни оваа година, додаде Ставрески.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.